еМагазин
Image default
Локално

Наместо во благајна, уплатите за спортско обложување ги ставал во џеб

СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против А.С.(23) од Скопје заради постоење основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „Затајување“ предвидено и казниво по чл.239 од КЗ, информира МВР.

„Имено, пријавениот А.С. како вработено лице во правно лице за приредување игри на среќа, на работна позиција „оператор” , во текот на октомври 2020 година, во повеќе наврати затаил парични средства кои му биле доверени во врска со неговата работа, на начин што задржал за себе тикети и за истите не извршил уплата на парични средства во касата во износ од 95.000 денари, оставајќи ја благајната на уплатно- исплатното место во кусок, со што го оштетил правното лице во кое што бил вработен за 95.000 денари“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Уловени“ 21 непрописно паркирани возила на кејот во центарот на Скопје

Редакција

Загина 25-годишен скопјанец откако со мотоцикл излетал од коловоз на автопатот Скопје – Тетово

Редакција

Трагедија во Кочани: Почина маж по пад од кровот на семејната куќа

Редакција