По произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител во однос на предлогот на Јавното обвинителство (ЈО), судија на претходна постапка донесе решение со кое го прифати предлогот на ЈО и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да го повтори делото, соопшти Основниот кривичен суд во Скопје во врска со сообраќајната несреќа во скопски Карпош во која загина 24-годишна девојка од Радовиш, а едно лице беше повредено.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девојката која загина во скопски Карпош била од Радовиш, ја прегазил 22-годишно момче од Скопје
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.