еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Титаник“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Титаник“, кој се однесува на изборни нерегуларности.

Судењето во овој случај го води судијата Осман Шабани, а обвинението е застапено од обвинителката Лиле Стефанова.

Во овој предмет освен Никола Груевски, кој е во бегство, обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска-Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, злоупотреби во изборниот процес и финансирањето изборна кампања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Мијалков негира поврзаност со „Рекет“ и дека дал пари за „Империја“

Редакција

Шест наши граѓани ја поминаа границата на Украина и се наоѓаат на безбедно во Молдавија од каде продолжуваат кон Бугарија, информира Османи

Редакција

Царовска во изолација поради контакт со позитивно лице на Ковид-19

Редакција