еМагазин
Image default
Македонија

Заев најави почитување на европското законодавство за етничката припадност во личните карти

Кај нас е апсолутно дадено право на национално ниво како ќе го регулираме прашањето дали етничката припадност ќе биде застапена во личните карти, рече премиерот Зоран Заев.

„Мене ми е драго што и најголемата опозициска партија и другите политички партии се на линија на правото на определба, да граѓаните се изјаснат доколку сакаат на својата лична карта да имаат и етничка припадност.

Но, како земја кандидат за членство во ЕУ, императив секојпат е усогласување на домашното законодавство со европската регулатива,“ изјави Заев.

Така што, посочи Заев, во август или октомври, кога и да почне ЕУ да дебатира по ова прашање и ние ќе се вклучиме.

– Секако на крајот ги следиме сите европски одлуки и регулативи, затоа што сакаме и да бидеме членка на ЕУ.

Дебатата ќе биде отворена, секако во консултации и координации со европската делегација во Скопје и со Европската комисија во Брисел ќе ги носиме ваквите одлуки во зависност од тоа во кој правец ќе бидат донесени одлуките на ниво на ЕУ, изјави Заев.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Осквернавен споменикот на бугарските туристи кои загинаа во Охридското Езеро

Редакција

Обвинителство оформи предмет: Претреси во повеќе градови поради финансиски криминал

Редакција

Температура и кашлица, најчестите симптоми кај заболените од коронавирусот во Македонија

Редакција