еМагазин
Image default
Бизнис

„Виз ер“ на патниците им ги враќа парите за една недела

Компанијата „Виз ер“ започна со автоматски процес на враќање на средства минатиот мај за да се справи со големиот број на откажувања, како резултат на пандемијата „Ковид-19“, со тоа што авиокомпанијата доживеа 3.000% пораст на барањата за поврат на средства во 2020 година во споредба со нивото од 2019 година.

„Автоматскиот процес значи дека за патниците чии летови се откажани, врз основа на опција избрана од патникот, „Виз ер“ автоматски ќе им врати 120% од цената како WIZZ кредити, или ќе им даде на патниците можност да добијат 100% поврат на готовина или шанса да резервираат бесплатно.

Патниците можат лесно да побараат поврат на средства, со само еден клик на нивниот „Виз ер“ профил на wizzair.com или следејќи ја пораката добиена преку е-пошта,“ информираат од компанијата.

„Виз ер“ секогаш ги охрабрува патниците да резервираат директно на wizzair.com или преку мобилната апликација на авиокомпанијата, за да можат да ги обработат барањата за поврат на средствата што е можно побрзо.

„Кога резервациите се вршат преку други платформи за резервации на интернет, „Виз ер“ не може директно да контактира со патникот за соодветните опции за поврат на средствата, бидејќи сопственикот на резервацијата не е патникот, туку платформата преку која се купени билетите. Како резултат на тоа повратот на средствата може да се одложи.

Патниците кои резервирале билети преку платформите за резервации на интернет, немаат друга опција освен да се потпрат на постапките на сопственикот на резервациите. Секоја платформа за резервации на интернет има различни начини на справување со барањата за поврат на средства и тие се надвор од влијанието и контролата на „Виз ер“,“ се додава во соопштението.

За да добијат дополнителена заштита во овие неизвесни времиња, патниците можат да купат дополнителна услуга „Виз флекс“ со своите билети, што им овозможува флексибилно да ја менуваат резервацијата. Со тоа, патниците можат да го откажат летот до 3 часа пред поаѓање без никаков надомест и да добијат 100% од целата сума веднаш вратена во кредити на авиокомпанијата, како и да ги менуваат датумите, па дури и рутите неограничен број пати.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стопанска банка Скопје со добивка во првите девет месеци

Редакција

Алкалоид лани со раст на приходите од 16% и на добивката од 12%

Редакција

Цените на бензините остануваат исти, се намалува Екстра лесното масло за домаќинство

Редакција