еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

НЛБ Банка со посебни поволности за кредитите за физички лица

НЛБ Банка води промотивна кампања за сите кредити за физички лица во период од 1 до 31 март 2021 година. Во промотивниот период сите кредити за физички лица ќе се нудат без трошоци за одобрување, додека станбените и хипотекарните кредити ќе се одобруваат и без трошоци за проценка на имот, информираат од Банката.

„Во рамките на промотивната понуда, клиентите ќе можат да аплицираат за некој од НЛБ Потрошувачките кредити кои се со фиксни каматни стапки за првите 36 месеци и дополнително, да добијат НЛБ Mastercard haPPy кредитна картичка. НЛБ Mastercard haPPy кредитната картичка е единствена картичка која овозможува поврат на средства за секоја безготовинска трансакција до 10%.

Исто така, за сите клиенти кои имаат потреба од решавање на своето станбено прашање, на располагање им стојат НЛБ Станбените кредити кои се со рок на отплата до 35 години и фиксна каматна стапка до 10 години. Како дополнителна поволност за станбените кредити е можноста за користење на бескаматен кредит за опремување на домот во соработка со Нептун Македонија,“ се вели во соопштениет на НЛБ.

За кредитните продукти на НЛБ Банка  и за промотивната понуда можете да добиете повеќе информации на веб страницата на Банката: www.nlb.mk или на контакт центарот на телефон: 02/15 600.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТАВ Аеродроми донираше 160 оброци за бездомни лица на пунктот Момин Поток на Црвениот крст

Редакција

„Чудовиштето“ од познатиот бугарски автор Владимир Зарев, нова книга од ИЛИ-ИЛИ

Редакција

Кавадарчанецот Борче Стаменов го донираше 1.000 компјутер, трошоци 0 денари

Редакција