еМагазин
Image default
Македонија

ДЗС: Досега евидентирани 11.149 лица преку апликацијата за самопопишување

Преку апликацијата за самопопишување досега се евидентирани 11.149 лица, објави Државниот завод за статистика (ДЗС) на својата веб страница.

Податоците се однесуваат за состојбата на 2 март 2021 во 10:00 часот.

Со пријавувањето на Апликацијата, корисникот се регистрира и остава свој ЕМБГ, е-маил адреса, која се верификува со праќање на е-маил за верификација, и телефонски број на корисникот.

При регистрација на корисникот и при секој внес на податоците од страна на корисникот, во апликацијата автоматски се запишува од која ИП адреса се внесени податоците.

Предвидено е собраните податоци преку Апликацијата за самопопишување да се споредат со податоците од претпописната база на податоци.

Бројот на самопопишани лица преку Апликацијата за самопопишување, како што велат од ДЗС, не значи по автоматизам број на резидентно население на Република Северна Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Затвор од три години за тие што ќе злоупотребат апликацијата за самопопишување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот секојдневно расте: За едно деноноќие 927 прекршоци за неносење маски

Редакција

Обвинителството во Солун започна истрага за упадот на изложбата на македонскиот сликар Андреевски

Редакција

Русковска ќе ја обжали одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители

Редакција