еМагазин
Image default
Балкан

Курти: Косовскиот устав не дозволува спојување со Албанија, тоа е желба на сите Албанци

Лидерот на движењето Самоопределување, Албин Курти денеска изјави дека обединувањето на Косово со Албанија не го дозволува уставот на Косово.

За време на неговата посета на Љеш во Албанија, тој рече дека тоа е желба на сите Албанци, но дека за такво нешто ќе биде потребно време, пренесува Лајми.

– За жал, уставот на Косово е контрадикторен. Еден член наведува дека Косово е независна држава, во друг дека е забрането да се обединува со друга држава. Во исто време, тоа е пречка за европската интеграција, рече Курти.

Тој исто така рече дека е несомнено Албанија и Косово да мора да бидат координирани кон приближување, интеграција и унија, особено во клучните области – безбедноста, енергијата и природните ресурси и надворешната политика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Албин Курти кој победи на изборите во Косово: Лани најави дека ќе основа партија и во Македонија

Реформското движење на Албин Курти „Самоопределување“ е победник на изборите во Косово

МИА/Фото: Фејсбук/Курти

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Запознајте ја Екатерини Сакеларопулу, првата жена претседател на Грција

Редакција

Поради корона вирусот 800 евра месечна помош за 1,7 милиони вработени во Грција

Редакција

(Видео) 77-годишен човек во Бугарија почина додека чекал ред да купи масло за јадење во редица долга 600 метри

Редакција