Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 443 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти позитивни и суспектни на Кови-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 25 болни, а во Куманово 73 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 56 пациенти, во Прилеп 72, во ковид центарот во Гостивар 12, а во Струга 20 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациент, во Кочани 7 во Кичево 6, Кавадарци 48, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 750 и има околу 360 празни болнички кревети во ковид центрите.
Фото: МЗ