еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 34 пациенти, а вкупно се лекуваaт 307

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 34 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 307 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 17 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти и 11 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле не биле примени пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 27 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 28 пациенти, на Клиниката за неврологија 31 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 47 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 95 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 20 пациенти.

На ГАК има 6 хоспитализирани ковид позитивни пациентки,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 44 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апасиев потврди дека Левица имала пари во пропаднатата Еуростандард банка

Редакција

Во Македонија регистриран првиот случај со новата варијанта на Ковид-19, „кракен”

Редакција

Вонреден инспекциски надзор покажал дека сите МРП вакцини имаат важечки рок и се целосно безбедни

Редакција