еМагазин
Image default
Македонија

Бугарија треба до јуни да дозволи регистрација на сите македонски здруженија, тоа е главниот проблем, вели нивниот адвокат

Последните пораки од официјална Софија се со цел да се откажеме од Македонците во Бугарија кои имаат добиено повеќе пресуди од судот во Стразбур, а поради кои официјална Софија е притисната од меѓународните организации, изјави во интервју за трелевизија Канал 5, Тони Менкиновски, адвокатот и застапник на здруженијата на Македонците во Бугарија.

“Ова што се случува е очекувано и има основа во Резолуцијата на Советот на министри каде што се бара до јуни 2021 година во Бугарија да бидат регистрираат сите македонски организации каде што е нагласена етничката припадност во овие организации.

Софија ја манипулира ситуацијата и врши притисок врз Македонија и Македонците во Бугарија при што објавува нескриена агресија, што асоцира на 1941 година, при што наведува дека правата на Бугарите во Македонија се загрозени и дека тие ќе ги искористат сите меѓународни алатки да извршат агресија врз земјава .Тоа фактички е порака за Македонците во Пиринскиот дел за да се откажат од сопствените права“, вели Менкиновски.

Поради ваквото однесување, додава тој, Софија се соочува со можност да биде исфрлена од Советот на Европа.

„Тоа е главниот проблем на Бугарија“, вели адвокатот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој стои позади културниот центар Иван Михајлов од Битола, кој ја крена Бугарија на нозе

Бугарија многу често почна да се меша во внатрешните работи на Македонија

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија на 108. место во светот по воена сила

Редакција

Сведок на судењето за „ТНТ“: „Космос“ не е во целост граден според проектната документација

Редакција

Убава вест: 233 оздравени од Ковид-19

Редакција