еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој стои позади културниот центар Иван Михајлов од Битола, кој ја крена Бугарија на нозе

За разлика од Бугарија, каде државата им забранува на Македонците да регистрираат здруженија, за што има потврда од неколку пресуди од Европскиот суд за човекови права, во Македонија има неколку здруженија на граѓани кои се декларираат како етнички Бугари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија многу често почна да се меша во внатрешните работи на Македонија

Захариева загрижена за самоопределувањето на Бугарите во Македонија, еми што да кажат Македонците во Бугарија

Едно од нив е и културниот центар “Иван Михајлов“, основана во март 2019 година.

Како што е познато, од таму до бугарскиот државен врв неодамна беше пратено писмо во кое меѓудругото членовите на овој центар се пожалија на бугарофобија и дека на граѓаните кои се декларираат како етнички Бугари во Македонија им се оспорува правото на самоопределување.

Писмото како што информираа од центарот било пратено и до амбасадите на САД, Португалија, ЕУ и Германија во Македонија.

Од центарот пристигна и контроверзен предлог до бугарскиот државен врв за олеснување на процедурите при добивање на бугарско државјанство за оние граѓани кои на претстојниот попис во Македонија ќе се определат како Бугари.

Очекувано со реакции се јавија бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, вицепремиерот и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, а најдалеку во реакцијата отиде бугарскиот претседател Румен Радев, кој дури побара бугарските безбедносни служби да проверат дали во Македонија на Бугарите им се оспорува правото на самоопределување, што е школски пример за мешање во внатрешните работи на друга земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев до Радев: Недозволиво е мешање на една земја во друга, разузнавачки служби не ги утврдат правата на граѓаните

Пендаровски: Бугарскиот претседател Радев се меша во внатрешните работи на Македонија

Кој стои позади овој центар

Јавноста во Македонија се уште незнае кој се стои позади овој центар, бидејќи неговите членови не комуницираат јавно.

Како што објавија медиумите овој центар моментално нема ни канцеларија, но има адреса во Битола.

На нивната Фејсбук страна имаат скромни 3.260 лајка, а ако се разгледа истата се доаѓа до заклучок дека ставовите на овие членови се идентични со тие на бугарскиот државен врв, дека не постои македонски јазик и дека Македонците постојат од 1944 година.

Детал кој е поврзан со оваа здружение, а кој не треба да се скокне е дека во февруари 2020 година центарот го покани Каракачанов во Битола да промовира книги, на што бугарскиот министер одговори позитивно и дојде во Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) „Тепачка“ за автограм од Красимир Каракачанов во Битола

Дали има некаква поврзаност на овој центар со бугарскиот државен врв во статус на Фејсбук загатна лидерот на НСДП, Тито Петковски, коалиционен партнер на СДСМ.

Тој се сомнева дека културното друштво „Иван Михаилов“ од Битола е тенденциозна инсталација.

„Кога прочитав дека бугарскиот претседател итно ги собрал шефовите на бугарските безбедносни структури ‘за навреме да се преземат соодветни мерки за заштита на правата на Бугарите во Македонија’, прво што помислив е дека Македонија ѝ објавила војна на Бугарија, а јас за тоа не сум информиран.

Откако прочитав дека причина за средбата било писмото што културното друштво ‘Иван Михаилов’ го упатило до бугарскиот државен врв, ја сфатив причината за паничната реакција на бугарскиот претседател.

Македонија во април организира попис, а бугарскиот претседател сѐ уште не знае колку Македонци ќе се декларираат за Бугари. И тоа во услови кога бугарското културно друштво ‘Иван Михаилов’ за секој новоосознаен Бугарин во Македонија нуди бугарски пасош по скратена постапка, се разбира, со помош на бугарскиот државен врв. Каде е тука стравот на Радев?

Замислете ја само ситуацијата на пописот во Македонија бројката на граѓаните што се определиле за Бугари да биде слична или незначително поголема од онаа на последниот попис, во услови кога бугарските власти јавно соопштуваат дека издале над 100.000 бугарски пасоши на македонски државјани. Сите тврдења на бугарскиот државен врв за бугарскиот карактер на Македонија ќе паднат во вода.

По оваа драмолетка од Софија, тешко ќе може да се одбрани тезата дека културното друштво ‘Иван Михаилов’ не е наменска бугарска инсталација во Македонија пред пописот“, напиша Петковски.

Кој е Иван Михаилов

Иван Михајлов Гаврилов познат уште како Ванчо Михајлов, Ванче Михајлов и Радко e поранешен раководител на ВМРО и контроверзна историска личност во Македонија.

Се школувал во Штип, Солун и Скопје, каде што завршил гимназија (1915).

По Првата светска војна студирал право на Софискиот универзитет, бил еден од основачите и прв претседател на студентското друштво „Вардар“.

По пристапувањето во ВМРО бил секретар на Тодор Александров, пунктов началник за Софија, а по убиството на Александров бил член на ЦК на ВМРО (1925), реизбран и по убиството на Александар Протогеров (1928).

До 1928 година бил одговорен за снабдување на Организацијата со муниција.

Од 1928 година ВМРО никогаш не одржало официјален конгрес на кој тој поднел извештај за неговата работа.

Дејствувал за обединување и независност на Македонија, но како бугарска земја (со бугарско мнозинско население).

Независноста на Македонија ја гледал од политички и државни цели, а не од национални потреби на македонскиот народ. На Пиринскиот дел на Македонија гледал како на основно јадро – Пиемонт за обединување на другите делови на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 870 случаи на Ковид-19 од 5.844 тестирања

Редакција

(Галерија) Најчесто поставуваните прашања и одговори за корона вирусот низ фотографии

Редакција

На Бугарија не и се бендиса казната за Ламбе Алабаковски

Редакција