еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Захариева загрижена за самоопределувањето на Бугарите во Македонија, еми што да кажат Македонците во Бугарија

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева не престанува со обвинувања кон Македонија.

Освен што постојано потсетува дека над 100 илјади граѓани во Македонија имале и бугарски пасош, ама не кажува зошто и за колку пари го купиле, сега е загрижена и за правото на самоопределување на Бугарите во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захариева со нови обвинувања, на Бугарите во Македонија не им се признавало правото на самоопределување

Општопознато, а и потврдено од сите меѓународни и европски институции е дека Македонија е пример за почитувања на правата на малцинствата, не само во регионот и многу пошироко.

Истото тоа не важи и за Бугарија, која е земја членка на Европската Унија (ЕУ).

Е баш од таму на Бугарија во јануари годинава и порачаа дека не ги почитува правата на малцинствата.

Во извештајот на известувачот на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Микаел Аструп Јенсен, во делот за Бугарија, меѓудругото стои дека земјата во изминатата година нема постигнато напредок во главните области што загрижуваат, вклучително и корупција на високо ниво, слобода на медиумите, како и човековите права на малцинствата, меѓу кои и на Македонците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Како протестираа Македонците во Софија, за кои Бугарија вели дека не постојат

„Во однос на човековите права на малцинствата, комесарот на Советот на Европа за човекови права со загриженост во својот извештај за Бугарија за 2020 година забележа ендемска нетолеранција кон малцинските групи, особено Ромите, муслиманите, мигрантите и барателите на азил, луѓето кои се изјаснуваат како етнички Македонци и ЛГБТИ заедницата.

Во извештајот се наведува наплив на непријателски акти против малцинства, вклучително и злосторства од омраза и низа антиромски митинзи организирани низ Бугарија“, нагласи Јенсен.

Така да, Захариева со нејзините бугарски колеги наместо да се меша во внатрешните работи на други земји, да си седне убаво да си го прочита извештајот за да не ја „брука“ Бугарија низ ЕУ.

Не би било лошо да ги разгледа и табелите од пописи во Бугарија во кои на времето фигурирале и Македонци. Има за тоа црно на бело од бугарски институции. Ако веќе е толку голем поборник за човекови права да проанализира како денес веќе нема Македонци во Бугарија и колку е тоа точно.

И тоа ако не и е доволно има неколку пресуди од Европскиот суд за човекови права во полза на Македонци кои живеат во нејзината земја, а на кои нејзината земја не им дава да се здружат.

Во Македонија, Захариева, Бугарите имаат и своја партија, да не го заборавиме и тоа. Регистрирање на невладина е исто така дозволено за секого.

Фото: Захариева/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанкулоска, Јанакиески и Протуѓер признаа вина за „Титаник“

Редакција

Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешковски уапсен во Софија

Редакција

Шест поранешни пациенти на Штипска ортопедија заболени од Хепатит Ц

Редакција