еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 31 нов пациент поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.

“Вкупно 325 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 2 нови приеми на пациенти и 14 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле биле примени 5 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 29 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 56 пациент со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 81 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 101 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 18 пациенти.

На ГАК има 4 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Вкупно 325 пациенти потврдени и сомнителени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 30 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалување од 39,3%: Минатата недела 1.069 случаи на Ковид-19

Редакција

Од Ковид-19 починале 12 лица, дополнително пријавени уште шест

Редакција

Клиника „Жан Митрев“: Пациентот почина од прсната аневризма, медицинскиот персонал кој го третираше е негативен на корона вирусот

Редакција