Српските медиуми пренесуваат дека по тешка болест почина познатиот актер Борис Комнениќ (64).
Најпозната улога му беше во серијалот „Подобар живот“ („Бољи живот“), каде го глумеше ликот на Саша Попадиќ, по што и најмногу го памети македонската публика.
Комнениќ е роден во Пула, а во Белград завршува факултет за драмска уметност.
Беше првак на драма во Народниот театар во Белград.
Значајни улоги оствари и во сериите „Ќе се вратат штрковите“, „Сив дом“, „Горе Доле“, во филмовите „Мирис на дождот на Балканот“, „Бал на вода“, „Проклета е Америка“.
Добитник е на многу награди за својата работа.
Фото: Подобар живот
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.