еМагазин
Image default
Локално

Намален водостојот на Охридското Езеро

За два сантиметри е намелен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со тоа водостојот на Охридското Езеро е за 10 сантиметри понизок од просекот за март.

Пониско од просечното и тоа за 1,48 метри е и нивото на Преспанското Езеро, но сепак за 21 сантиметар го има надминато апсолутниот минимум.

За разлика од Охридското и Преспанското, водостојот на Дојранското Езеро е за 3,05 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој месец.

Кај најголем број од реките во државата, пак, нивото е нешто помало од просечното и воглавно има мали промени нагоре или надоле во однос на вчерашниот ден.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За два дена исчезнаа две лица

Редакција

Малолетник од Штип ги „тероризирал“ штипјани

Редакција

ТАВ Македонија донираше храна и хигиенски средства за семејства во социјален ризик, во Општина Илинден

Редакција