еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Минималната потрошувачка кошничка повисока за речиси 5.500 денари од просечната плата

Минималната потрошувачка кошничка во февруари изнесувала 33.702 денари што значи дека толку пари му биле потребни на едно четиричлено семејство за да ги подмири основните месечни потреби.

Во споредба со просечната плата исплатена во декември како последен објавен официјален податок од Државниот завод за статистика, минималната потрошувачка кошничка е за речиси 5.500 денари повисока.

Најмногу пари или 14.078 денари биле потребни за храна и пијалоци, 10.825 денари за потребите во домот и 2. 478 денари за превоз, покажуваат податоците од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), кој секој месец ја пресметува вредноста на минималната синдикална кошничка.

За обувки и облека биле потребни минимум 2.131 денар, а за културни активности само 1.067 денари.

Од ССМ неодамна посочија дека просечната плата покрива околу 70 проценти од синдикалната кошничка. Поради тоа, бараат со растот на просечната плата, да расте и минималната плата.

Заложба на ССМ е минималната плата да порасне на 60 проценти од просечната плата што, според синдикатот, е пракса во европските држави.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипските пекари најавуваат зголемување на цената на лебот по 15 август

Редакција

Бектеши повторно најавува пониски цени на лебот, млекото и месните производи, овојпат од почетокот на декември

Редакција

Туристичките агенции ќе може да се регистрираат на платформата „Дома си е дома“ за користење на ваучер за туризам

Редакција