Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 28 нови пациент поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
Вкупно 350 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 4 примени пациенти и 10 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во Козле биле примени 4 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 33 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 55 пациент со симтоми на корона вирусот.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 79 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 126 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти.
На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки,“ се вели во соопштението.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 22 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.
Фото: МЗ