еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 28 пациенти, а вкупно се лекуваaт 355

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 28 нови пациент поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 355 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 12 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 4 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле не биле примени пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 18 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 29 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 52 пациент со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 81 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 128 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти.

На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 20 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска тет-а-тет средба на Ковачевски и Мицкоски за уставните измени

Редакција

За неносење маски 429 казни во изминатите 24 часа

Редакција

Резултати од државната матура: Средната оценка од екстерните испити е 3,78 и е повисока од лани

Редакција