еМагазин
Image default
Македонија

СДСМ подржува пратениците да имаат само македонско државјанство, но тоа да важи и за актуелните

СДСМ поддржува пратеници да бидат лица кои имаат единствено македонско државјанство, но тоа да важи и за пратениците од актуелниот пратенички состав, велат од партијата.

“Исто така, предлагаме пратеници да не може да бидат лица кои се осудувани за кражби во други држави, како на пример лицето Антонио Милошоски, односно лица кои со своите незаконски дела го нарушуват имиџот на земјата.​

Сепак, поважно од сѐ, наместо да чека законски измени, пратеникот Антонио Милошоски, како осудено и казнето лице во Германија за кражба, за кого се водат предмети пред македонските судови да си даде оставка“, велат од партијата по најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе поднесе Предлог закон со кој пратениците ќе имаат само македонско државјанство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог закон со кој пратениците ќе имаат само македонско државјанство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девет лица починале од Ковид-19, кај седум од нив регистрирани коморбидитети

Редакција

Двајца заразени со корона вирусот, а шестмина штипски здравствени работници во изолација

Редакција

За Пендаровски Кирил Петков зборува како Нелсон Мендела споредено со неколкумина министри од владата на Борисов

Редакција