еМагазин
Image default
Македонија

Обвинение за Љупчо Палевски за одавање службена тајна

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице кое се товари за продолжено кривично дело „Оддавање службена тајна“, соопштија денеска од Јавно обвинителство.

Повеќе медиуми јавија дека станува збор за Љупчо Палевски.

Во повеќе наврати во текот на јули 2020 година во Скопје, се појаснува во соопштението, обвинетиот, на возраст од 56 години, и сторил достапни на јавноста документи од поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање, сегашна Агенција за национална безбедност, до кои дошол на незаконит начин.

Документите биле класифицирани како службена тајна со степен на доверливост „строго доверливо“ и се однесувале на оперативно истражување на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

– Така, на 07.07.2020 година обвинетиот на прес-конференција презентирал фотокопии од делови од работна верзија на документ – Извештај од разговор со лице кое соработува со УБК и една службена белешка.

На 8, 9 и 12 јули 2020 година, на својот Фејсбук профил продолжил да објавува делови од класифицирани документи, меѓу кои и транскрипти од разговори со таргети во тогашната УБК, се наведува во соопштението од Јавно обвинителство.

Фото: Фејсбук/Палевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има ли исклучувања: Кои се членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Македонска делегација ќе патува во Рим за 24 Мај

Редакција

На 23 факултети на УКИМ има слободни 10.473 места

Редакција