еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 51 пациент, а вкупно се лекуваaт 483

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 51 нов пациент поради компликации од корона вирусот.

Вкупно 483 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центратот на ТОАРИЛУЦ, на Клиниката за Трауматологија.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ имало 27 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле биле примени 1 нов пациент.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравен пациент.

Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ се лекуваат 225 пациент.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 89 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 129 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 35 пациенти.

На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 40 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Престојот на Јотова беше најавен по дипломатски пат, не беа побарани средби, велат од МНР

Редакција

Виктор Габер ги предводи нашите експерти: Формиран македонско-грчкиот комитет за ревизија на историјата

Редакција

Груевски: Обвинителката Стефанова бранител на обвинетите Камчев и Новачевски

Редакција