еМагазин
Image default
Македонија

Вакцините преку КОВАКС системот ќе стигнат за неколку недели

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге вели дека Владата на Република Северна Македонија направила сè што треба, не само за набавка на вакцини против Ковид 19, туку целосно е подготвен и здравствениот систем за имунизација.

-Владата на Република Северна Македонија стори сè што требаше, не само за вакцините, туку и за подготвеноста на здравствениот систем, да обезбеди соодветна обука и опрема.

И нарачката за Северна Република Македонија веќе е направена затоа сега се работи за неколку недели.

Во контакт сум со седиштето на УНИЦЕФ, како и со регионалната канцеларија да се стори сè што е возможно да се забрза процесот, истакна Клуге во интервју за телевизија Телма.

Тој најави дека вакцините преку КОВАКС системот во државава ќе стигнат за неколку недели, но не кажа конкретен датум, се додека УНИЦЕФ и произведувачот не го договорат транспорот на вакцините.

Според него, потребно е да се има трпение, бидејќи сите земји во светот се соочуваат со недостиг од вакцини.

Северна Македонија од КОВАКС системот може да ги очекува вакцините на „Астра Зенека“, кои Клуге вели дека се ефикасни, и покрај тоа што некои земји привремено ја прекинаа имунизацијата со оваа вакцина, поради несакните ефекти, кои според СЗО се мали во споредба со целокупното население.

Клуге додаде дека уште оваа година ќе се справуваме со пандемијата, но за разлика од лани, годинава таа ќе може подобро да се контролира и менаџира.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Новозаболените со коронавирусот се на возраст од 30-39 години, 11 поврзани со потврдени случаи

Редакција

Кои се новите претседатели на Унијата на жени и Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Убава вест: Градоначалникот на Чешиново-Облешево негативен на корона вирусот, од утре почнува со работа

Редакција