еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната нето плата во јануари 28.272 денари

Просечната исплатена нето плата во јануари изнесувала 28.272 денари што е за 2,7 проценти повисока од истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемување е забележано во секторите Дејности на здравствена и социјална заштита за 12,4 проценти, Уметност, забава и рекреација за 8,4 проценти и Информации и комуникации за 8,3 проценти.

Намалување во однос на декември 2020 година имало во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 7,7, проценти, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 5,9 проценти и Информации и комуникации за 5,4 проценти.

Просечната бруто-плата во јануари изнесувала 42.204 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во април раст на депозите за 9,3%, а на кредитите за 6,8%

Редакција

„Свисслион“ ја прогласи за успешна понудата за преземање на „Агроплод“

Редакција

„Македонски Телеком“ доминира на пазарот на фиксна телефонија

Редакција