еМагазин
Image default
Македонија

Откриени нови станови на Груевски, едниот е на име на секретарка

Пораталот Сакам да кажам објави дека истрагата за случајот „Плацеви на Водно“ се проширува и на новооткриени станови на поранешниот премиер, кој е во бегство, Никола Груевски.

Денеска истражителите на Основното јавното обвинителството (ОЈО) за гонење организиран криминал и корупција вршеле претрес и во новооткриените станови на Груевски, кои не гласеле на негово име, потврдила за Сакам да кажам, шефицата на ОЈО за борба против организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

Според првичните информации, еден од новооткриените станови гласел на име на една од секретарките на Груевски.

Русковска потврдила за порталот дека поранешната секретарка веќе дала изјава во Обвинителството дека конкретниот стан кај што фигурира таа како сопственик, фактички не е нејзин, дека само потпишала оти е.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителство: Извршен претрес во неколку стана во Скопје во врска со предметот „Плацеви на Водно“

Претреси во станот на Миле Јанакиески во Прилеп и во станови на Никола Груевски во Скопје

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Беким Незири се појави во Кривичен суд

Редакција

Димитров бара разрешување на Мизрахи: Грција упати вербална нота поради смената на таблата со името

Редакција

Мијалков не беше донесен в суд, одложено рочиштето за “Титаник 2“

Редакција