еМагазин
Image default
Македонија

Претреси во станот на Миле Јанакиески во Прилеп и во станови на Никола Груевски во Скопје

Претрес во објект на поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески во Прилеп се вршени утрово, објави „Слободен печат“.

Од Јавното обвинителство за весникот потврдуваат дека имало претреси во објекти во Прилеп, но не прецизираат за кој станува збор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Откриени нови станови на Груевски, едниот е на име на секретарка

Обвинителство: Извршен претрес во неколку стана во Скопје во врска со предметот „Плацеви на Водно“

„Слободен печат“ дознава дека полициски претреси по налог на јавен обвинител се вршени и во станови на поранешниот премиер, кој е во бегство, Никола Груевски во Скопје.

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска за „Слободен печат“ потврди дека извршен е претрес на дополнителниот имот на Груевски во Скопје, а во врска со предметот „Плацеви на Водно“.

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова тура дипломати ќе дојдат во Македонија, Мицкоски вели дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени ќе остане ист

Редакција

Заев и Борисов денеска ќе претседаваат со Самитот за Западен Балкан на Берлинскиот процес

Редакција

Србија ѝ донираше на Македонија 20.000 руски вакцини „Спутник“

Редакција