еМагазин
Image default
Македонија

Штипскиот ковид – центар се пополни за само три дена

Во штипскиот ковид – центар од денеска има само два слободни болнички кревети. Директорот на Клиничка болница – Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека исполнети се 66 кревети, а од денеска повторно во функција е ставено и Кожното одделение, во кое ќе се префрлаат пациентите, кои се пред да заминат од болница и се со полесна здравствена состојба.

-Пред три дена имавме преполовен болнички капацитет, но еве за овие два до три дена повторно се наполни ковид – центарот со пациенти со тешка клиничка слика од источниот регион, а секако имаме и пациенти од Штип.

Во функција од денеска го ставивме Кожното одделение, а на Интензивна нега, односно на Анестезиологија постојано ни се полни четирите болнички кревети, изјави Ѓеорѓијев.

Тој апелира граѓаните да ги почитуваат мерките.

-Побаравме и кочанската болница да ги третира пациентите и да ги хоспитализира во нивните капацитети. Таму веќе е и отврена модуларната болница, вели Ѓеорѓијев.

Пациентите се на различна возраст, имаат млади, но доминираат оние од повозрасната популација, а 37 пациенти им се на постојана кислородна поддршка. Ѓеорѓијев очекува за една недела да се отвори новата модуларна болница.

-Таму ќе имаме 47 болнички кревети, централниот довод е поставен, но изминатите три дена временските услови не дозволија да имаме градежни активности надвор и да се постави станицата за централен довод.

Пожелно е и очекувам да ја пуштиме за една недела модуларната болница, рече Ѓеорѓијев.

Во штипскиот ковид – центар ангажирани се над 50 лекари, медицински сестри, техничари, болничари и хигиеничари.

Што се однесува за останатите одделенија, во моментов имаат шест лекари, сестри и болничари кои се заразени или се во изолација. На Одделението за физикална терапија за состојбата на пациентите се грижат медицинските сестри, еден општ лекар, а доаѓа и специјалист од Скопје.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 567 пациенти болни суспектни на Ковид-19

Редакција

Русковска по објавата на „бомбите„: Димишков не беше обвинет бидејќи немаше докази

Редакција

Министерот Бектеши нема да бара од сестрата и шурнајката да ги напуштат работните места во МЕПСО И ЕЛЕМ

Редакција