еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за „Меѓународен сојуз“ продолжува со сослушување на нови сведоци

Со сведочењето на лицата Јованка Кука и Лилјана Тодоровска, денеска е предвидено да продолжи судењето за случајот „Меѓународен сојуз“.

Судењето за овој предмет е во почетна фаза на изведување на вербални докази.

На последното рочиште беа сослушени сведоците Агапи Дика и Јордан Камчев.

Судењето за овој предмет го води судијката Софче Ефремова, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Ивана Трајчевска.

Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на прво обвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“.

Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 410 пациенти заболени и суспектни на Ковид-19

Редакција

Убава вест: Оздравени 258 болни од Ковид-19

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 329 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција