еМагазин
Image default
Македонија

Болниците се полнат со заболени од Ковид-19, слободни 230 болнички кревети во цела држава

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 999 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информира Министерството за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 112 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 86 пациенти.

На  инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекуваат 97 болни, а во Куманово 96 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 138 во ковид центарот во Гостивар 43, а во Струга 19 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 87 пациенти, во Кочани 32 во Кичево 28, Кавадарци 79, а во Гевгелија 24 лица позитивно и суспектно на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.684 и има околу 230 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, соопшти Министерството.

Фото: Министерство за здравство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата се откажала од мерцедесот, Заев не се возел со него

Редакција

(Видео) Велија Рамковски стана јутјубер

Редакција

СДСМ со реакција за кандидатурата на Ѓорчев: Со години молчеше за криминалите на Груевски

Редакција