еМагазин
Image default
Свет

Постои врска помеѓу „АстраЗенека“ и згрутчувањето на крвта, но Агенцијата се уште истражува, вели претставник на ЕМА

Член на Европската агенција на лекови (ЕМА) за италијанскиот весник „Ил Месенџеро“ потврди дека постои поврзаност меѓу вакцината на „АстраЗенека“ и случаите со згрутчување на крвта, но Европската Комисија чека повеќе детали, јави дописничката на МИА од Брисел.

Марко Кавалери, шеф на вакцинацијата во Европската агенција за лекови, изјави за весникот дека е утврдена поврзаност со вакцината на „АстраЗенека,“ но дека сѐ уште не е јасно на што се должи таа поврзаност и како се случува. Агенцијата продолжува да истражува, изјави тој.

На редовниот брифинг на Европската Комисија попладнево, портпаролот за здравство, Стефан Де Керсмакер, изјави дека е запознаен со интервјуто на Кавалери.

– Оваа поврзаност е во тек на истражување од страна на Европската агенција на лекови, минатата недела имаше соопштение, оваа недела ќе се одржи комитет и агенцијата продолжува да го анализира прашањето и чекаме да се произнесат за евентуалната поврзаност, изјави портпаролот.

Европската Комисија ја охрабрува ЕМА да биде достапна и транспарентна пред медиумите и граѓаните.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кинеската армија има повеќе војници отколку што има жители во Македонија

Редакција

Кај најсиромашните земји вакцината против Kовид-19 ќе стаса дури во 2024 година

Редакција

За Русија во Украина ќе се борат над 16.000 доброволци од Блискиот Исток

Редакција