Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 29 март до 4 април покажуваат дека во Македонија најмногу заболени со Ковид-19 има кај лицата на возраст од над 60 години.
“Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.
Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=2.392, 30,2%).
Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=1.422; 17,9%), 30-39 (n=1.414; 17,8%), 40-49 (n=1.313; 16,6%) и 20-29 (n=917; 11,6%).
Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=94; 1,2%) и 10-19 години (n=381; 4,8%).
Најголемо процентуално зголемување во однос на претходната недела е забележано кај возрасните групи од 10-19 години (17,6%) и 60+ (16,1%), додека во групата од 0-9 години забележуваме намалување (29,9%).
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 4.040 (50,9%) лица од женски и 3.893 (49,1%) од машки пол.
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 4.861 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 19,8% во споредба со минатата недела“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За една недела во Македонија 7.933 нови случаи на Ковид-19
Фото: МЗ