еМагазин
Image default
Македонија

Медиумски работник на ТВ Сонце сведочеше како бил поврден, на судењето за обвинетите за протестот против пресудата за „Монструм“

Судењето за немилите настани на протестот за случајот „Монструм”, кои се одржаа на 26 февруари, предвидено е да продолжи на 19 април.

На денешното рочиште беше сослушан медиумски работник од ТВ Сонце, кој на денот на протестите се здобил со повреда на левата рака од камен (бекатон).

Пред суд тој најави оштетно побарување и изјави дека се приклучува кон кривичниот прогон на обвинетите, иако посочи дека не знае од кого бил погоден.

Исто така сведокот Блерим Ахмети, изјави дека не може да ги препознае обвинетите дека учествувале во протестите.

Судењето за овој предмет го води судијата Марин Станевски, а како застапник на обвинението е обвинителката Марија Демирова-Панајотова.

На претходните рочишта три лица беа осудени со по една години затвор за сторено кривично дело учество во насилна толпа, односно едно лице со осум месеци казна затвор. На протестот на 26 февруари беа повредени 11 полициски службеници и еден новинар.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Таравари разрешен, Села неговото “крило“ повторно го избра за претседател на Алијанса за Албанците

Редакција

(ВИДЕО) Иванов: Владеачкото мнозинство да понесе одговорност за неуспешноста на референдумот

Редакција

Во ковид центрите низ Македонија се лекуваат вкупно 68 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19

Редакција