еМагазин
Image default
Балкан

Пронајдено седумгодишното девојче во Црна Гора: Импресивна приказна како кучето и помогнало да преживее во шумата

Потрагата по седумгодишното девојче Кјара, руска туристка која исчезна во близината на Котор, Црна Гора за среќа заврши успешно.

Војската, полицијата, пожарникарите, доброволците го пребараа секој чекор во околината и за среќа девојчето го најдоа живо и здраво, по преспиена ноќ во шума.

Но она што е импресивно во оваа приказна е како нејзиното куче и помогнало таа да биде заштитена во шумата.

Кјара опишала на татко и како ја поминала ноќта.

„Кучето било со неа цело време. Кога се замориле, кучето ископало дупка за Кјара да се сокрие и да легне покрај неа за да и пружи топлина. Бидејќи билo избоденo со трнови, Кјара го извадила секој трн, а тој и ги излижал рацете за да ја загрее.

На крај ја ставила главата на неговиот грб и заспала. Утрото го продолжиле својот пат према звукот на автомобилите. Кога војската ги здогледала и тргнала кон нив, кучето се исплашило и побегнало. Се до тој момент, кучето било со Кјара,“ пишува на социјалната мрежа Инстаграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Црна Гора исчезна седумгодишно девојче, туристка од Русија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бојко Борисов во водство, втор е шоуменот Слави Трифонов

Редакција

(Видео) Отстранета една од најголемите авио-бомби од НАТО бомбардирањето на Србија

Редакција

(Видео) Водителката Јована Јоксимовиќ на српската телевизија К1- брка гостин од емисија, поради различни ставови и изнесено мислење

Редакција