еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Бојко Борисов во водство, втор е шоуменот Слави Трифонов

По обработени 54,63 отсто од протоколите од избирачките места во Бугарија, коалицијата предводена од премиерот Бојко Борисов ГЕРБ – СДС има 24,88 отсто од гласовите на изборите за новиот бугарски парламент, објави Централната изборна комисија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, партијата на шоуменот и ТВ водител, Слави Трифонов „Има таков народ“ доби 18,74 проценти и ја одржува тенденцијата да биде втора политичка сила во Бугарија по вчерашните парламентарни избори во земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За него Македонците се северномакедонци со бугарски корен: Кој е Слави Трифонов, клучниот “играч“ за формирање влада во Бугарија

БСП на Корнелија Нинова доби 14,91 процент од гласовите, а „Демократска Бугарија“ на поранешниот министер за правда Христо Иванов, 10,53 проценти, Движењето за права и слободи на Мустафа Карадаи, 8,99 отсто, а „Исправи се! Мутри излези!“ на поранешниот народен правобранител на Бугарија, Маја Манолова доби 4,98 отсто, што е мало зголемување во споредба со првите резултати минатата ноќ.

Според податоците на Централната изборна комисија, ВМРО засега не влегува во следното Бугарско национално собрание затоа што не го поминува прагот од 4 отсто, односно има – 3,55 проценти од гласовите.

Под прагот остануваат партијата на најбогатиот бугарски бизнисмен, кој се крие од правдата во Дубаи – Васил Божков, чија формација БНО доби 3,14 отсто, како и партијата „Преродба“, која има 2,79 проценти од гласовите.

МИА/Фото: Фејсбук/Борисов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарското МВР ја избриша веста за апсењето на Борисов

Редакција

Чичко на 12-годишно дете со посебни потреби, го врзал момчето за гума и го закачил на дрво

Редакција

Нови 758 случаи на Ковид-19 од 2.562 тестирања

Редакција