еМагазин
БЕНЧМАРК

ЕУ нема да ги продолжи договорите за вакцините со „Џонсон и Џонсон“ и со „АстраЗенека“

Европската комисија (ЕК) одлучи да не ги обновува договорите за набавка на вакцини против Ковид-19 со „Џонсон и Џонсон“ и со „АстраЗенека“, објави денеска весникот „Ла Стампа“, повикувајќи се на неименуван извор од италијанското Министерство за здравство.

„ЕК во договор со лидерите на многу земји на Европска Унија, одлучи договорите со компании што произведуваат вакцини против коронавирусот, кои важат за тековната година, да не бидат обновени по нивното истекување,“ наведува „Ла Стампа“.

Весникот додава дека Брисел ќе се фокусира на вакцините против Ковид-19 со употреба на РНК технологија, како што се оние на „Фајзер-Бионтек“ и „Модерна“.

Слични информации минатата недела објави и германскиот весник Ди Велт.

ЕК, во меѓувреме, побара појаснување од „Џонсон и Џонсон“ за „целосно неочекуваното соопштение за одложување на испораката на своите вакцини во ЕУ“.

Информациајта доаѓа по вчерашното соопштение на „Џонсон и Џонсон“ дека ќе ја одложи испораката на вакцината против Ковид-19 во Европа поради стравувањата дека во ретки случаи, примателите на вакцини може да развијат згрутчување на крвта.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанија сака Македонија и Албанија заедно и што побргу да ги почнат преговорите со ЕУ

Редакција

Преговорите со Македонија требаше веќе да бидат почнати, ЕУ донесе едногласна одлука за ова во март 2020, вели шведската министерка Линде

Редакција

Што пишува за односите со Бугарија во извештајот на ЕК за Македонија

Редакција