Додека илјадници работници и социјално загрозени семејства повеќе од два месеци ја очекуваат државната помош, чие што гласање се уште не е закажано, во Собранието нов циркус во “режија“ на пратениците од власта и опозицијата, кои редовно земаат плата од наши пари.
Претседателот на Собрание, Талат Џафери повика обезбедување поради брканицата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и пратеничката Даниела Марковска од СДСМ.
До ова ситуација дојде откако Мицевски отиде на местото каде што седи пратеничката Марковска и ѝ говореше на уво, поради тоа што Џафери не му даде процедурално обраќање, а за тоа време, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ тропаа на клупите.
За да не ѝ го земе микрофонот, пратеничката Марковска со него шеташе низ салата, а по нејзе одеше Мицевски.
Видео: А1он/МТВ/фото: МИА