еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И Демократската партија на Турците во Македонија се приклучи на „Европскиот фронт“ на ДУИ

И Демократската партија на Турците во Македонија (ДПТМ) официјално стана дел од коалицијата „Европски фронт“ предводена од владејачката Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Денеска лидерите на двете партии, Бејџан Илјаз и Али Ахмети, ставија потпис на договорот за коалиција на претстојните избори.

ДПТМ на последните избори беше дел од коалицијата предводена од владејачката СДСМ.

Дел од коалицијата “Европски фронт“ се и Демократската партија на Албанците (ДПА) на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи-Зејд и Европската демократска партија на Аријанит Хоџа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И ДПА на Тачи и ЕДП на Хоџа дел од „Европскиот фронт“ на ДУИ

Партијата на Реџепи прва се приклучи на „Европскиот фронт“ на ДУИ

Фото: Ахмети/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осигуренци за еден месец наплатиле 9 милиони евра од штети покриени со осигурување

Редакција

Неделава да се отворат моловите, авто школите, следната угостителските објекти, предлага Комисијата за заразни болести

Редакција

(Фото) Њу Момент прослави 30 години од постоењето и градењето успешна приказна на маркетинг-пазарот

Силвана Жежова