еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Во јануари пад на прометот во индустријата од 12,8%

Вкупниот промет во индустријата, во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, е намален за 12,8%, соопшти Државниот завод за статистика.

Во однос, пак, на декември лани прометот во индустријата се намалил за 14,2%.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, бележи опаѓање кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 7% и кај „капитални производи“ за 25,1%, додека пораст бележи кај „трајни производи за широка потрошувачка“ од 1,9% и кај „нетрајни производи за широка потрошувачка“ од 8%.

Најголем раст на прометот во индустријата за период од една година имале секторите за поправка и инсталирање на машини и опрема каде што е забележа раст од 171% и во индустријата за производство на тутунски производи каде што е забележан раст на прометот од 131%.

Највисок пад на промет од 41,6% бележи рударството, по кој е дрвната индустрија со пад на прометот од 43,5%.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, се зголемил за 2,5%.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во споредуваниот период бележи пораст кај „капитални производи“ од 34,3% и  кај „нетрајни производи за широка потрошувачка“ од 4,5%, додека опаѓање бележи кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 2,5% и кај „трајни производи за широка потрошувачка“ за 3,5%.

Прометот во индустријата на странските пазари, во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, бележи пад од 16,8% . Во овој промет највисок пораст од 190,3% има прометот на тутунската индустрија.

Во однос, пак, на декември лани прометот во индустријата во јануари годинава се намалил за 14,2%. На домашниот пазар прометот во јануари во однос на декември се намалил за 18,8 %, додека прометот на индустријата на странските пазари бележи пад од 9%.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+Фото) Пендаровски на средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј: Целосното заокружување на процесот на автокефалност е и од врвен национален интерес

Редакција

Тендер „тежок“ 13.700 евра: Основниот суд Струга купува патничко возило

Редакција

Кои се најтргуваните акции на Македонската берза во првото полугодие

Редакција