еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Две лица приведени за убиството на докторот Ацо Трпковски, мотивот не е поврзан со неговата професија

За убиството на матичниот доктор Ацо Трпковски во скопска Железара се приведени две лица, преземени се 20 истражни дејствија и прегледани се видео снимки од над 50 камери, а досегашната истрага утврдила дека мотивот за убиството не е поврзан со професијата која што ја обавувал, откри министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за подкастот “Претрес”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште едно лице приведено за убиството на докторот Ацо Трпковски, другите две уште се на распит во полицијата

По наредба од судија во претходна постапка извршен е и претрес на една локација.

-Има осомничени за предметниот кривичен настан. Има материјални докази кои не водат до овие дејствија. Две лица се приведени и се надевам дека наскоро ќе можеме да излезе со конкретни информации, рече Тошковски.

Докторот со девет убодни рани пред неколку дена беше најден мртов во неговиот автомобил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За убиството на докторот Ацо Трпковски извршен разговор со над 15 лица, прегледани и над 40 видео снимки

Убиениот доктор во скопска Железара има повеќе убодни рани: Детали од Обвинителството

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 во тетовската болница починаа 4 лица, 112 пациенти се на кислородна подршка

Редакција

Македонија го задржа кредитниот рејтинг „ББ+“ со негативен изглед

Редакција

Димитров: Шумска идила без сигнал за мобилен

Редакција