еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Неделава да се отворат моловите, авто школите, следната угостителските објекти, предлага Комисијата за заразни болести

Оваа недела да се отворат и да се вратат во функција центрите за едукација, обука, семинари на возрасни, организација на седници, органи за управување и конференции, авто школи, испитни центри, спортски тренинзи на отворено за индивидуални спортови, тенис, спортски и други обложувалници преку шалтер без угостителска дејност, и затворени трговски центри односно молови без угостителска дејност, како и центрите за рехабилитација на слух, говор и глас кои целосно ги подготвија капацитетите.

Ова го предвидува предлог – планот што Комисијата за заразни болести преку Министерството за здравство ќе го достави до Владата за олабавување на рестирктивните мерки, кој денеска на прес-конференција го соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Посочи дека имале состанок со Комисијата за заразни болести и врз основа на анализата таа го донела предлог – планот за намалување на рестриктивните мерки, што ќе се одвива во неколку фази.

– Намалувањето на мерките е врз основа на повеќе критериуми кои во предвид ги зема и Светската здравствена организација (СЗО).

Три од нив се клучни – прво дали епидемијата е ставена под контрола, дали здравствениот систем е во состојба да се справи и да ги изменаџира и бројот на пациенти сега, но и дали може да се справи со повторно појавување голем број случаи и дали системот за надзор на јавното здрвство може да ги открие и да управува со случаите и нивните контакти и да индентификува евентуално појава на нови случаи.

Сите овие критериумис се исполнети. Состојбата во земјата е оцената како стабилна, рече Филипче.

После следењето на епидемиолошката состојба откако ќе се вратат во функција сите овие економски оператори, потенцира министерот, следната недела во предвид е да се препорача и отворање на угостителските објекти со послужување, спортските тренинзи на отворено за колективни спортови, и повторно после епидемиолошката анализа и следење на состојбата следната недела после таа, игрите на среќа во казина, автомат клубови, тренинзи во затворени спортски објети и базени, работа на теретани фитнес клубови и хотелски објекти.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Засега нема скратување на полицискиот час

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска сончево со ниски утрински температури

Редакција

Филипче најави нови мерки: Нема прослави по дома и групирање на јавно место, маската задолжителна и на отворено

Редакција

Филипче: Заболувањето носи голем ризик, а вакцините го намалуваат тој ризик и до 20 пати

Редакција