еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Времето денеска сончево со ниски утрински температури

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност која ќе биде поголема во западните делови на државата. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб, а во западните делови слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Максималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје ќе преовладува доумерено облачно и студено време со слаб до умерен претежно западен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

За време на викендот по одделни котлини ќе има услови за магла и ниска облачност. Во недела облачноста ќе се зголеми и ќе започне период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд особено во западните делови.

Од недела утринските температури насекаде ќе бидат позитивни. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

42-годишен кавадарчанец подолг период ја силувал својата 7-годишна ќерка

Редакција

За над 70% од Бугарите поважно е решавање на односите Скопје-Софија од зачленувањето на Македонија во ЕУ

Редакција

Почина 80-годишен пациент, вкупната бројка на починати од корона вирусот 57

Редакција