еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Ситуацијата и понатаму е сериозна и притисокот врз ковид-центрите е голем

На редовниот утрински состанок со директорите на ковид – центрите во Скопје ја разгледавме состојбата со пополнетоста на болничките капациети. Иако во изминатите денови има благ тренд на намалување на бројот на приеми, сепак ситуацијата и понатаму е сериозна и притисокот врз ковид – центрите е голем, објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Во моментов, посочува министерот, има доволно слободни места за да се згрижат сите пациенти кои имаат потреба од болничко лекување.

„Очекуваме во наредниот период бројот на хоспитализации да почне да се намалува. Мерките даваат резултати, но потребно е максимално да се придржуваме до нив за да го надминеме и овој епидемиолошки бран“, напиша Филипче.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку ќе чини спроведувањето на двојазичноста: Само за Агенцијата за јазици предвидени 8 милиони, а за инспекторатот 7 милиони денари

Редакција

Пет прекршувања на полицискиот час, 363 казни за неносење маска

Редакција

Петковски: Не треба да има предвремени парламентарни избори, Владата да продолжи со работа

Редакција