Министерот за здравство Венко Филипче најави дека ќе има бесплатно испитување на антитела за Ковид-19, но за одредена категорија на граѓани.
„Ќе мора да се воведат категории за да не го прави секој тој тест, како на пример, дали лицето прележало Ковид-19, дали треба индикација за вакцина и слично. Но, секако ќе дадеме одредени категории“, рече Филипче.
Фондот за здравствено осигурување испрати допис до здравствените установи во кој информираше дека испитувањето на антитела за Ковид-19, граѓаните треба да си го плаќаат приватно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Photo by CDC on Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.