еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Испитувањето на антитела за Ковид-19 повеќе нема да биде на трошок на државата, граѓаните ќе си плаќаат приватно

Граѓаните повеќе нема да испитуваат антитела на државен трошок, откако Фондот за здравствено осигурување испратил допис до надлежните здравствени установи, во кој се вели дека, оваа услуга пациентите треба да ја плаќаат на нивен трошок.

„Земајќи ја предвид состојбата со пандемијата со Ковид-19 и ограничените финансиски средства со кои Фондот располага, Ве известуваме дека анализите за детекција на антитела од класата IgG и IgM не треба да се вршат на товар на средствата на Фондот.

Доколку пациентите инсистираат на овие анализи, тогаш трошокот за нивно извршување е на товар на пациентите,“ се вели меѓудругото во дописот до пациентите.

Институтот за имунобиологија и хумана генетика во Скопје, каде што до сега се вршеа овие испитувања на државен трошок, информира дека за оваа услуга граѓаните ќе плаќаат 736 денари.

Приватните лаборатории пак, за оваа услуга наплаќаат од 1.000 денари па нагоре.

„еМагазин“ испрати прашање до Фондот, зошто оваа услуга ќе падне на товар на граѓаните, но до објавувањето на сторијата не добивме одговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Само одредени категории на граѓани ќе може да испитуваат антитела на Ковид-19 бесплатно, најави Филипче

Фото: Photo by Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Седуммесечно бебе доби нова шанса за живот

Редакција

Влада: Платежни картички од 9.000 денари за 100.000 граѓани за купување домашни производи

Редакција

Уништувањето на бугарските воени гробишта во Македонија не е европска вредност, велат од бугарското МНР

Редакција