еМагазин
Image default
Македонија

Само одредени категории на граѓани ќе може да испитуваат антитела на Ковид-19 бесплатно, најави Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека ќе има бесплатно испитување на антитела за Ковид-19, но за одредена категорија на граѓани.

„Ќе мора да се воведат категории за да не го прави секој тој тест, како на пример, дали лицето прележало Ковид-19, дали треба индикација за вакцина и слично. Но, секако ќе дадеме одредени категории“, рече Филипче.

Фондот за здравствено осигурување испрати допис до здравствените установи во кој информираше дека испитувањето на антитела за Ковид-19, граѓаните треба да си го плаќаат приватно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Испитувањето на антитела за Ковид-19 повеќе нема да биде на трошок на државата, граѓаните ќе си плаќаат приватно

Фото: Photo by CDC on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телма: Миленкоски помогнал бегство на македонски државјанин, а не на ерменски бизнисмен

Редакција

Детален преглед за состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција

(Видео) На државата ѝ се случува историско дежа-ву, аспирациите на дел од соседите не пратат низ вековите, вели Мицкоски

Редакција