еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уништувањето на бугарските воени гробишта во Македонија не е европска вредност, велат од бугарското МНР

Бугарија придава големо значење на прашањето за зачувување на бугарското културно-историско наследство и на бугарските воени гробишта во Република Северна Македонија и со години води политика за пребарување и обнова на бугарските воени гробишта и споменици во земјата, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарското Министерство наведува дека во најголем дел тие се во многу тешка ситуација, како резултат на „конзистентната политика на дебугаризација во минатото на територијата на денешна Република Северна Македонија“ и дека постојано се обраќа за помош до властите во Скопје, „кои знаат дека ова е едно од болните прашања за Бугарија“.

– Повиците до властите во Република Северна Македонија за помош во потрагата, реставрацијата и заштитата на бугарските воени гробишта беа упатени во едногласно усвоената Декларација на 10 октомври 2019 година на 44-то Народно собрание.

Затоа, информацијата за уништување на две бугарски воени гробишта на територијата на Република Северна Македонија, испратена од Фондацијата Македонија, ја сметаме за многу сериозна и Министерството за надворешни работи на Бугарија активно работи на разјаснување на фактите и преземање соодветни мерки, се додава во соопштението.

Бугарското МНР при тоа наведува дека „почитувањето на сеќавањето на мртвите е универзално прашање и пристапот кон него е знак за степенот на перцепција на европските вредности“.

МИА/Фото: бугарско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР го демантира градоначалникот Костовски за зголемениот број на напади врз малолетници во автобусот 57

Редакција

Владата ќе објави список со компаниите кои направија вештачки скок на цените

Редакција

ЗНМ: Одговорност за полициските службеници кои ја злоупотребиле положбата за да ја вознемируваат новинарката Вики Клинчарова

Редакција