еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

МВР го демантира градоначалникот Костовски за зголемениот број на напади врз малолетници во автобусот 57

Секторот за внатрешни работи Скопје при МВР најостро ги демантира дезинформациите објавени на Фејсбук профилот на Дарко Костовски, градоначалник на општина Бутел, дека во последниот период, а посебно во текот на месец ноември на територијата на општина Чаир имало зголемен број на напади на малолетници кои живеат во населбите Бутел и Радишани, а кои ја користат автобуската линија број 57 од ЈСП Скопје, возејќи се од местото на живеење до централното градско подрачје и во обратен правец, реагираат од МВР.

-Имено, од 01.09.2022 година до 13.11.2022  година на посочената автобуска линија се случени два настани. Првиот на 06.11.2022 во автобуска линија број 57, каде нападнат е еден малолетник од страна на тројца малолетници и за кого сме известени од општа градска болница дека е примен пациент со лесни телесни повреди, а од страна на родителот укажано е дека не сака да го пријави настанот.

Вториот настан е пријавен на 13.11.2022 година во кој четворица малолетници се нападнати во автобус од автобуската линија број 57 од страна на пет лица, од кои тројца полнолетни и две малолетни лица.

Веднаш се преземени соодветни мерки и сторителите се лишени од слобода од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и предадени во Полициска станица Бит Пазар за понатамошна постапка. Извршен е разговор со приведените лица како и со сведоци за настанот, по што од страна на полициски службеници од Одделението за насилен криминал, Единица за насилен криминал при СВР Скопје следи кривична пријава за Насилство по член 386 од Кривичниот законик.

Ја известуваме јавноста дека, согласно однапред утврдени планови за постапување, на повеќе точки во градот поставени се полициски служби за спречување на нарушување на јавен ред и мир и извршување кривични дела, со посебен акцент на спречување на меѓуврсничко насилство.

Исто така, преземаме превентивни активности преку Одделението за превенција при СВР Скопје, пред се преку проектите „За безбеден град“ и „Безбедност во училиштата“ кои  се одвиваат во училиштата на подрачје на град Скопје и придонесуваат за спречување на сите облици на насилство меѓу ученици како и други видови на девијантни појави.

Апелираме до претставниците на локалната власт да не шират дезинформации кои предизвикуваат вознемиренoст кај граѓаните. Секторот за внатрешни работи Скопје бил и ќе биде во служба на граѓаните, а воедно потврдуваме дека остануваме отворени за соработка со локалната власт , се во интерес на безбедноста на граѓаните, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нападите врз деца од Радишани и Бутел во автобусот 57 продолжуваат, градоначалникот Костовски бара итна реакција од МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прв медал за Македонија по 21 години: Сребро за Георгиевски на Олимписките игри во Токио

Редакција

Логистичка подршка за решавање на енергетската криза: Железница ги подготвува капацитетите за транспорт на јаглен и мазут

Редакција

ПОРТРЕТ: Рашела Мизрахи, биохемичарката која стана министерка за труд и социјална политика

Редакција