еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Нападите врз деца од Радишани и Бутел во автобусот 57 продолжуваат, градоначалникот Костовски бара итна реакција од МВР

Нападите врз деца од скопските населби Радишани и Бутел во автобусот 57 на територијата на Општина Чаир, кои се враќаат од центар, продолжуваат, а градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски бара итна реакција од МВР.

“Оставив неколку дена се со цел да не предизвикам дополнителна паника. Но, после завчерашниот случај кој е дел од низа случаи насилство во автобусот 57, каде веќе извесен период особено во последниов месец на територија на Општина Чаир се напаѓаат деца од Радишани и Бутел врајќајќи се дома од центарот на градот, морам да регирам.

Чашата е прелиена, како градоначалник на Општина Бутел лично од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски барам брзо, остро, и без никакво заташкување да го реши овој проблем, додека не е предоцна.

Остро ги осудувам сите кукавички напади врз мирни млади деца кои дома ги воспитуваат дека насилството како опција не постои и треба да се остави во 19 век.

Не сакам да верувам дека овие чинови имаат било каква позадина, и затоа велам насилството раѓа насилство и од таму сите надлежни органи ги повикувам да реагираат веднаш!

За неколку дена од сега како градоначалник на Бутел ќе организирам тркалезна маса на која ќе бидат повикани челниците на МВР, лидерите на верските заедници и претавници на загрижените родители, се со цел од блиску да ја следиме ситуацијата и да превенираме додека не е доцна.

Доколку е потребно ќе формираме посебно тело за решение на оваа загржувачка ситуација.
Следиме будно!“, напиша тој на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

28-годишна девојка се лекува на Клиника поради згрутчување на крвта по примена вакцина на „АстраЗенека“

Редакција

Почина Илија Жупаноски, борец против дезинформации, владин советник за дигитални комуникации

Редакција

Косовар се обидел да силува малолетник во Росоман

Редакција