еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Почина Илија Жупаноски, борец против дезинформации, владин советник за дигитални комуникации

На 41-годишна возраст, вчера во Скопје почина Илија Жупаноски, општествен активист за демократија и владин советник за дигитални комуникации.

Роден во Скопје во 1982 година. Завршил средно економско училиште и Економски факултет во Скопје, а магистрираше информациски системи на универзитетот Лунд во Шведска.

Беше еден од младинските активисти кои учествуваа во основањето, развојот и професионализацијата на македонската дебатна асоцијација и на Младинскиот образовен форум (МОФ), каде беше и извршен директор од 2007 до 2010 година.

Жупаноски имаше суштински ангажман во демократизацијата на дигиталните комуникации на Владата од 2017 година наваму. Беше еден од основачите на концептот за дигитална отчетност и транспарентност кој придонесе македонската Влада од 2017 година да биде прва во регионот по проактивна транспарентност и отчетност.

Беше советник за дигитални комуникации на поранешниот премиер Зоран Заев, актуелниот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Беше активен борец против дезинформациите и против хибридните и сајбер напади врз демократиите, со огромно домашно, регионално и меѓународно искуство.

Илија беше член и на Управниот одбор на European Digital Diplomacy Exchange (EDDE), меѓународна мрежа на владини комуникатори чија цел е зголемување на колективните капацитети за поефикасна заштита на демократиите во рамките на дигиталниот информациски простор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трговците нема да имаат загуби од ограничувањето на маржите, тврди Бектеши

Редакција

843 случаи на Ковид-19 од 3.519 тестирања, во Скопје 360

Редакција

Турција од денеска командува со силите на НАТО на Косово

Редакција