еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој сè освен Самсоненко и Камчева е на црната листа на САД за Македонија

Заедно со фирми поврзани со нив на т.н. црна листа на САД за Македонија се додадени и рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, неговата сопруга Ирина Самсоненко и мајката на македонскиот бизнисмен, Орце Камчев, Ратка Куноска Камчева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои фирми поврзани со Сергеј Самсоненко и Ратка Камчева се ставени на црната листа на САД

Ратка Камчева, Сергеј и Ирина Самсоненко се новите имиња на црната листа на САД

На листата во следниот период се очекуваат и нови имиња.

Кој се им прави друштво

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, кадар на владејачката ДУИ беше последниот функционер кој годинава се најде на црната листа на САД.

Тој заедно со неговото семејство заврши на листата поради корупција, злоупотреба на фондови и мешање во судски случаи.

Американскиот Стејт департмент лани во април поради корупција на црната листа ги стави и поранешниот премиер на Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и екс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, како и нивните потесни семејства.

„Нивните постапки го поткопаа владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси во земјата и ја намалија вербата на јавноста во владата“, соопштија од Стејт департментот.

Според Стејт департментот Груевски бил вмешан во коруптивни дејствија при што го користел своето политичко влијание и официјалната моќ за лична корист.

„Поточно, постојат веродостојни информации дека Груевски ја злоупотребил својата положба за да бара и прима мито заради владини договори, за незаконски присвоени јавни средства и мешање во изборните процеси за политички полза за себе и за неговата партија“, соопшти Стејт департментот.

dig

За Мијалков од таму велат дека во својство на директор на УБК бил инволвиран во коруптивни дела кои вклучувале користење на неговото политичко влијание и официјална моќ за лична корист.

Според Стејт департментот, постојат веродостојни информации дека Мијалков го злоупотребил овластувањето од функцијата за да бара поткуп за склучени договори.

Тој, исто така се мешал во изборните процеси во своја и во корист на политичката партија.

На црната листа на САД е ставена и фирмата која што Груевски ја отвори во Унгарија, каде по бегството доби политички азил.

Станува збор за компанијата I.C.I.C. LTD, која што е отворена во 2021 година, а Стејт департментoт ја поврзува со Груевски.

На листата од претходно се наоѓаат и Љубе Бошковски, Мендух Тачи, Џеват Адеми, Кастриот Хаџиреџа, Невзат Халили, Гафур Адили, Нури Беџети, Џавит Хасани, Џезаир Шаќири, Даут Реџепи и Џемаил Хисени.

Повеќето од нив се ставени на оваа листа за време на администрациите на Бил Клинтон и Џорџ Буш помладиот, а најголемиот дел се поранешни припадници на ОНА и АНА, а дел се и поранешни пратеници.

Партиите пак на три од овие лица, Тачи, Адеми и Бошковски, ДПА, ДУИ, Обединети за Македонија се дел од актуелната власт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев и Рашковски во образложението зошто црногорски бизнисмен е ставен на црната листа на САД

Која е македонската компанија „Сајтрокс“, која САД ја стави на црната листа

Која друга компанија освен “Сајтрокс“ е на црната листа на САД, а е поврзана со Македонија

Фото: Унсплеш/Фејсбук/Груевски/Мерко

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов домашен бренд на природен сок од калинка: Семејната компанија Органик Нар од Богданци започна со производство на Art Juice

Редакција

Литијата пример за двојни аршини: Со кој памет драги стружани?

Редакција

СЗО се корегира, лицата позитивни на Ковид-19 без симптоми ја пренесуваат инфекцијата

Редакција